Пријави се! Биди дел од Хоби Fair Play Лига

Пријави се! Биди дел од Хоби Fair Play Лига

Почитувани љубители на фудбалот и спортот,

Хоби фер плеј-лигата е производ на нашата желба за едно поинакво и поинтересно Скопје и е одлична можност за секој од вас кој рекреативно игра фудбал. Лигата е организирана од страна на Здружението за спорт и рекреација Еуро Спорт Арена чија дејност е организирање на спортски настани. Наши досегашни реализирани проекти се:

– 2015 Фудбалски кампови во соработка со тренери од ФК Келн Германија
– 2016 Организарање на детски турнири во Општина Гази Баба
– 2016/2017 Фудбалска лига (Хоби Фер Плеј Лига) со 40 аматерски екипи кои рекреативно се занимаваат со мал фудбал. Натпреварувањето е замислено пред се како дружење и забава, во организиран систем на натпревари.
– 2018/2019 Семинари за фудбалски тренери поддржана и реализирана со врвни поранешни и актуелни шпански тренери во Реал Мадрид, Тотенхем, Евертон, Гетафе и Атлетико Мадрид.
– 2018/2019/2020 Фудбалски кампови во соработка со Реал Мадрид Фондација Фондација наменети за деца од 7-17 години каде беа опфатени повеќе од 400 деца од цела држава.
– 2020 Индивидуални тренизи за момчиња од 16 до 18 години со Шпански тренери во Република Косово.

По втор пат во Македонија ќе стартува ваков формат на натпреварување на аматерски екипи кои рекреативно се занимаваат со мал фудбал. Натпреварувањето е замислено пред се како дружење и забава, во организиран систем на натпревари. Во прв план ни е почитување на фер-плејот и правилата на Хоби фер плеј-лигата.

Тимот на Хоби фер плеј-лигата ќе се потруди да ги овозможи сите услови за непречено натпреварување, а на екипите останува да ги покажат своите фудбалски вештини во духот на фер-плејот и меѓусебното почитување.

Што е она што лигата го нуди за вас?

– подобрување на квалитетот на животот преку развој на здрав начин на живот
– активност во слободно време
– можност за стекнување на непроценливи искуства и развој на многу познанства и пријателства
– континуирано подобрување на вашата физичка подготвеност, развој на спортот и спортскиот дух и можност за учество на меѓународни спортски натпревари
– минимум 30 натпревари, за најдобрите 8 (осум) во лигата, дополнителни натпревари
– 2 (два) натпревари неделно за прва лига (понеделник – четврток или вторник – петок), 1 (еден) натпревар за втора лига (среда) од 19ч-23ч
– судии, делегати и контролори за време на натпреварите
– дисциплинска комисија составена од претставници на екипите учеснички во лигата – однапред утврден распоред на натпревари до крајот на сезоната.
– табела, резултати, анализи, статистика
– Хоби фер плеј лига ТВ – следење натпревари во живо
– тековни награди во месецот за екипите учеснички во лигата од страна на нашите партнери
– атрактивни награди за најдобрите во лигата
– лојална клуб картичка со дополнителни попусти од партнерите во лигата со важност до 31.12.2021
– Гала забава организирана од страна на организаторот со сите учесници и партнери на лигата (600) на полусезона и на крајот на сезоната.
– учество за само 99 денари од натпревар.

Повеќе информации за можностите да бидете дел од лигата, правилникот на лигата можете да најдете во менито на веб сајтот.”