Тренд е не само во светот, туку и кај нас, покрај секојдневната работна активност, пријателите да се организираат и на заедничко спортување кое уште повеќе би ја подигнало нивната продуктивност и организираност.Преку спортувањето тие не остануваат само формални пријатели/другари, туку и спортисти со борбен дух.
Хоби Fair Play Лига ги повикува сите вљубеници во фудбалот и сите поддржувачи на спортот, да ги пријават своите екипи/вработени, да го подигнат спортското расположение и тимскиот дух, да допринесат за дружба, забава, стекнување нови пријателства и успеси во иднина.
Оваа фудбалска приказна е на самиот почеток. Дали сте спремни да се соочите со најголемото спортско случување во рамките на аматерскиот фудбал со рекреативно – натпреварувачки карактер?