Хоби Лигата почнува на 26. Април

Почитувани претставници на екипите учесници во лигата, сите наши пријатели, поддржувачи и партнери, сакаме да ве информираме дека Фудбалската Хоби лига ќе стартува на 26.април, пополнет е бројот на екипите во Лига А и во Лига Б, а на денешната прес – конференција организирана според сите протоколи во хотел „Парк“ во Скопје извршена е и ждрепка.
По 16 екипи ќе се натпреваруваат во Лига А во ОУ „Димитар Миладинов“ и во Лига Б во ОУ „Георги Димитров“. Поради интензитетот на пандемијата, а во согласност со екипите, стартот на натпреварувањето е пролонгиран за три седмици и ќе започне на 26. април.

 

Фантастични тимови ќе се натпреваруваат во новото издание на Хоби лигата. Легендарните „Грамоси“, потоа Серава, секогаш интересните Алкохол Јунајтед, а екипи имаат и ЈП Комунална Хигиена, Општина Чаир…
Во тек е пријавување и за Лигата Ц која ќе брои десет екипи.

 

Во прилог денешната ждрепка:

 

ЛИГА А

 

Јанта Волеј Драчево
Алкохол Јунајтед
Аматери
Гостилница Дома
Грамоси-Градска Меана
Дака Македонија
Дентал Имплант Солушн
Евротип
Зиаја
Кисела Вода
Нонејм
Реума
Светлост Куманово
Серава
Сервис Милошевски
Сопро

 

ЛИГА Б

 

ЈП Комунална Хигиена
Џовинаци
Алекс
Аполо
Батинца
Гиго Трејд
Голден Кар
Грин Мобајл
Ди-Ев
Иглс
Компанија Атанасовски
Линкс
Општина Чаир
Паркленд
Слобода
Балкан

 

 

Новости


Message icon

Сакате да ги вклучите вработените во развојот на вашата компанија?

Приклучи се во натпреварувањето

Сакате да го промовирате вашиот бизнис?

Phone icon

Контактирајте не

+ 389 77 526 778

Phone icon

Пратете ни

Електронска порака