Почитувани пријатели, ја градиме ХобиFairPlayЛига/та како едно општество, како едно семејство за сите. Тоа е формулата за трајна придобивка којашто ќе ја направи лигата достапна за сите, со која сите ќе се гордееме.
Во рамките на Здружението за спорт и рекреација Спорт Арена Тим, значаен дел се проектите што имаат цел да ги поттикнат сите лица, без разлика на нивната возраст и националност, активно да спортуваат и да создаваат навики за водење здрав живот, да создаваат нови пријателства.
Во соработка со јавни и спортски институции, видни спортисти, преку разговори и публикации, ги промовираме вредностите на Хоби Fair Play Лига/та.
Една од нив е и Општина Гази Баба, која од денеска официјално е дел од покровителите на ХобиFairPlayЛига/та. Голема благодарност до Градоначалникот Г-дин Бобан Стефковски и сите вработени во секторот спорт за довербата.
Продолжуваме уште посилни и што е уште поважно, заедно со вас!