Одиграно 6.коло

Со вчерашните одиграните натпревари, комплетирано е 6. коло од Лига А во аматерската лига во мал фудбал Хоби Fair Play Лига.

 

Победи остварија екипите на ЈантаВолеј, Серава, Индирект, ДакаМакедонија Грамоси/ГрадскаМеана и СервисМилошевски, додека натпреварот ГостилницаДома Аматери заврши без победник.

 

Натпреварот КиселаВода Реума беше одложен.

 

Во 6.коло во Лига А, вкупно беа постигнати 39 гола, а најефикасен натпревар беше Грамоси/ГрадскаМеана и МакедонскаПошта каде беа постигнати десет гола.

 

Во натпревар вез калкулација СервисМилошевски подобри од ДенталИмплантСолушн

 

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Дентал Имплант Солушн и Сервис Милошевски и двете екипи во овој натпревар влегоа без калкулација и од самиот старт започнаа со отворен стил на игра. Прва во водство дојде екипата на Дентал Имплант Солушн после една одлично одработена акција во 7та минута со голот на Мирослав Стојановски. По ова екипата на Сервис Милошевски ја превзеде иницијативата и тргна по израмнување, тие успеаа да створат неколку одлични шанси и да реализираат преку Мартин Чаловски во 11та минута.

 

Во второто полувреме видовме идентична игра како во првото полувреме, без калкулација. Екипата на Сервис Милошевски која уште на самиот старт започна да напаѓа кон голот на Дентал Имплант Солушн, по еден кикс на одбраната, одличниот Кадир Амза успеа да ја казни отворената игра на Дентал Имплант Солушн за водство на својата екипа од 2-1. По овој гол, екипата на Дентал фрли се на една карта и со сите сили се обиде да постигне гол, но екипата на Сервис Милошевски успеваше да ги затвори приодите кон својот гол за среќна победа од 2-1.

 

Во тврд натпревар ЈантаВолеј подобри од АвтоГлобал

 

Одличен старт за екипата на Јанта Волеј во дуелот со Авто Глобал со погодокот на Горјан Ангеловски во 4та минута од натпреварот. По оваа негатива, екипата на Авто Глобал започна жестоко да напаѓа кон голот на Јанта Волеј, успеаа да створат неколку шанси а во 12та минута и да постигнат погодок преку Стефан Димовски за 1-1. Следуваше отворена игра од страна на двете екипи, но, екипата на Јанта Волеј во последната минута од полувремето успеа да постигне погодок и да се врати во позитива од 1-2.

 

Во второто полувреме се продолжи со високо темпо и жестока игра по целиот терен, во ова второ полувреме и двете екипи имаа одлични периоди на игра, шанси за гол, но слаба реализација благодарение на одличните голмани. Повеќе среќа во финишот од натпреварот имаше екипата на Јанта Волеј која преку одличниот Горјан Ангеловски успеаа да постигнат гол за голема победа од 2-3.

 

Грамоси/ГрадскаМеана во дербито на дното подобри од МакедонскаПошта

 

Екипата на Грамоси/Градска Меана мошне мотивирано влезе во натпреварот против екипата на Македонска Пошта. Уште на самиот старт наметна добар ритам на игра и со пресинг по целиот терен не и дозволи на Македонска Пошта да се наметне во натпреварот. Во првото полувреме екипата на Грамоси/Градска Меана успеа да си обезбеди водство од 4-1.

 

Во второто полувреме екипата на Грамоси/Градска Меана родолжи во сличен ритам не давајќи и на екипата на Македонска Пошта да фати резултатски приклучок и да се врати во натпреварот. Во текот на целото второ полувреме и до крајот на мечот Грамоси/Градска Меана успеа да ја задржи предноста и да дојде до победа од 6-4.

 

 

Со синоќешните одиграните натпревари, комплетирано е 6. коло од Лига Б во аматерската лига во мал фудбал Хоби Fair Play Лига.

 

Победи остварија екипите на Линкс, ОпштинаЧаир, ЈПКХигиена, КомпанијаАтанасовски и Паркленд додека натпреварите СлободаБатинца, БалканЏовинаци и БтоБетМаседонианВориорс завршија без победник.

 

Во 6.коло во Лига Б, вкупно беа постигнати 65 гола, а најефикасни натпревари беа СлободаБатинца и ГигоТрејд Паркленд каде беа постигнати по десет гола.

 

КомпанијаАтанасовски му го нанесе првиот пораз на Работнички93

 

Екипата на Компанија Атанасовски одигра одличен натпревар во Хоби Лигата, нанесувајќи му го првиот пораз на Работнички93 со 5-4 (4-2).

Компанија Атанасовски максимално мотивирано влезе во дуелот со Работнички93 и уште од првата минута играа стопроцентно ангажирано. Во текот на целиот натпревар имаше повеќе од играта и не му дозволи на Работнички93 да ја наметне својата препознатлива игра. Мотивираната екипа на Компанија Атанасовски беше подобара како во нападот така и во делот на одбраната за, на крајот, голема победа од 5-4.

 

Стрелци на головите за Компанија Атанасовски беа дело на Марковски 2, Богдановиќ 2 и Ѓорѓиовски 1, додека за Работнички93 најрасположен беше Александар Трпковски постигнувајќи хет трик, четвртиот гол беше дело на Лекиќ.

 

Во дербито на дното Балкан и Џовинаци ги поделија бодовите

 

Во првото полувреме од дерби дуелот на дното помеѓу Балкан и Џовинаци видовме доста динамичен фудбал, со многу борба и жар воглавно на средината на теренот. И двете екипи влегоа доста претпазливо во натпреварот одмерувајќи ги силите на противникот. Во 10та минута од натпреварот екипата на Џовинаци организираше одлична акција во која реализатор беше Марко Апостоловски за водство од 0-1. До крајот на полувремето главно играта се одвиваше на средината на теренот и со два гола. Најпрво екипата на Балкан преку Енис Реџеп во 14та минута успеа да го израмни резултатот за четири минути подоцна со вториот гол на Марко Апостоловски екипата на Џовинаци повторно да дојде во водство со 1-2. Со тој резултат се отиде на полувреме.

 

Во второто полувреме на самиот почеток екипата на Балкан преку контра-напад успеа да го израмни резултатот на 2-2 со вториот гол на Енис Реџеп. По ова израмнување на резултатот, екипата на Џовинаци се обиде да наметне своја игра што резултираше со постигнат гол и повторно да се врати во водство со 2-3. Во вториот дел од второто полувреме и двете екипи наметнаа жесток ритам на игра и натпреварот влезе во неизвесна завршница, белег остави играта на капитенот на Балкан, Игор Барџовски кој со гол во последната минута од натпреварот успеа да и донесе на својата екипа нерешен резултат од 3-3.

 

Втор натпревар во низа без победа за Батинца

 

Еден од фаворитите во Лига Б веќе втор натпревар по ред не успева да забележи победа. Не само што синоќа на натпреварот против Слобода, Батинца не освои, туку треба и да е среќна со бод, бидејќи се спаси од пораз со голот на Шенол Идризи од пенал во последната минута во второто полувреме за конечни 5-5.

 

Слобода беше одличен противник и само спортска среќа им недостасуваше за прва победа во Хоби лигата.

 

Претходно, екипата на Батинца беше поразена од МаседонианВориорс (4-2).

 

Во моментов, екипата на Батинца е на 4. место во Хоби Лигата со 13 бода од 6 натпревари.

 

Новости


Message icon

Сакате да ги вклучите вработените во развојот на вашата компанија?

Приклучи се во натпреварувањето

Сакате да го промовирате вашиот бизнис?

Phone icon

Контактирајте не

+ 389 77 526 778

Phone icon

Пратете ни

Електронска порака