Одиграно 5.коло

Со четирите последни натпревари одиграни синоќа, комплетирано е и 5. коло од Лига А во аматерската лига во мал фудбал Хоби Fair Play Лига.

 

Победи остварија екипите на ДенталИмплантСолушн, Евротип, ГостилницаДома, ДакаМакедонија, АвтоГлобал, Реума, Серава и СервисМилошевски

 

Во 5.коло во Лига А, вкупно беа постигнати 60 гола, а најефикасен натпревар беше СераваКиселаВода каде беа постигнати 14 гола.

 

Серава не дозволи изненадување во дуелот со КиселаВода

 

Првото полувреме од дуелот помеѓу Серава и Кисела Вода и припадна на екипата на Серава, тие уште на самиот старт ја превземаа иницијативата и вршеа притисок кон голот на Кисела Вода. Уште во раната фаза од натпреварот екипата на Серава се стекна со солидно водство од 2-0, екипата на Кисела Вода и покрај негативата не се откажуваше од овој натпревар па во продолжението од натпреварот успеа да постигне еден погодок и резултатски да се врати во натпреварот. Но, на сцена стапи одличниот Јакуп Рамадани и со три гола во низа го зголеми водството на Серава. На полувремето се замина со резултат од 5-1.

 

На стартот од второто полувреме екипата на Серава започна со силен пресинг што резултираше со погодок и зголемување на водството. Екипата на Кисела Вода се обидуваше да го намали водството и да се врати повторно во игра и успеа преку расположениот за игра Дарко Каевски да постигне 3 гола во низа. Во продолжението од натпреварот, екипата на Серава имаше целосна контрола врз играта и резултатот и успешно го приврши овој натпревар во своја корист со 8-6.

 

Најдобри стрелци во своите екипи беа Јакуп Рамадани од Серава со шест постигнати гола, односно Дарко Каевски со пет гола.

 

Во листата на стрелците се запишаа и Бесник Љатифи и Еркан Шабани, додека шестиот гол за Кисела Вода беше дело на Сулејман Ибраими постигнувајќи си автогол.

 

Реума во висок ритам до победа над ЈантаВолејДрачево

 

Екипата на Реума мошне мотивирано влезе во натпреварот против екипата на Јанта Волеј. Уште на самиот старт наметна висок ритам на игра и со пресинг по целиот терен не и дозволи на Јанта Волеј да ја игра својата препознатлива игра. Во првото полувреме преку контра напади екипата на Реума успеа да си обезбеди водство од 1-2.

 

Во второто полувреме екипата на Реума продолжи во ист ритам не давајќи и на екипата на Јанта Волеј да фати резултатски приклучок и да се врати во натпреварот. Во текот на целото второ полувреме и до крајот на мечот Реума успеа да ја задржи предноста и да дојде до убедлива победа од 1-6

 

Најрасположен за игра како и на минатите натпревари беше Пајтим Реџеп постигнувајќи четири погодоци, по еден постигнаа Таулат Исмаили, Ферди Камбери и Ангеловски Горјан од екипата на Јанта Волеј.

 

ДакаМакедонија со цврста одбрана до победа над Аматери

 

Содржинско прво полувреме одиграа екипите на Аматери и ДакаМакедонија, уште на самиот старт двете екипи наметнаа високо темпо на игра и се редеа шанси за гол на двете страни. Прва во водство дојде екипата на Дака Македонија во 11та минута со голот на Васко Таневски, по ова следуваше уште еден гол на екипата на Дака која со реализација на Стефан Лазаревски во 13та минута го зголеми водството на 2-0. До крајот на полувремето и двете екипи има свои одлични периоди на игра, но без реализација.

 

Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра, екипата на Аматери се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок со цел да дојде до намалување на водството на Дака, таквата офанзивна игра вроди со плод во 28та минта со голот на Љупчо Стојановски. До крајот на натпреварот екипата на Аматери имаше три добри шанси за гол, но не ги искористија приликите да додат до нерешен резултат па го загубија овој натпревар со 2-1.

 

Со четирите последни натпревари одиграни синоќа, комплетирано е 5. коло од  ЛигаБ во аматерската лига во мал фудбал Хоби Fair Play Лига.

 

Победи остварија екипите на ГигоТрејд, БтоБет, МаседонианВориорс, Работнички93 КомпанијаАтанасовски, Линкс и Паркленд

 

Во 5.коло во Лига Б, вкупно беа постигнати 54 гола, а најефикасен натпревар беше ГигоТреј Џовинаци каде беа постигнати 9 гола.

 

Конечно распалија.. ГигоТрејд со прва победа во лигата!

 

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Џовинаци и Гиго Трејд ни понуди возбудлив фудбал со многу шанси и атрактивни потези на двете страни. Во ова полувреме екипата на Гиго Трејд своите зрели шанси успеа да ги претвори во гол за комотно водство од 4-0. Екипата на Џовинаци прикажа солидна игра но во ова полувреме затаи нивната реализацаија. На паузата се замина со резултат од 4-0. На стартот на второто полувреме екипата на Џовинаци тргна напаѓачки и со сите сили се обидуваше да го намали водството на Гиго Трејд од полувремето, сепак екипата на Гиго Трејд ја казни таквата отворена игра на Џовинаци и на крајот го доби натпреварот со убедливи 9-0.

 

Кире Стаматовски беше одличен постигнувајќи пет гола, по еден реализираа Мартин Стојановски, Филип Милевски, Стефан Најовски и Христијан Марковиќ.

 

Паркленд на ,,мускули,, до победа против ГринМобајл!

 

Во доста тензичен натпревар со четири црвени картони (два за тренерите) екипата на Паркленд успеа во финишот да ја победи екипата на Грин Мобајл.

 

Првото полувреме и припадна на екипата на Паркленд која одлично го отвори натпреварот и до 10та минута преку двата гола на Кристијан Стојменов и Дејан Кајстороваки имаше солидна предност од 3-0. Екипата на Грин Мобалј вршеше притисок кон голот на Паркленд со цел да го намали високото водство и успеа во тоа. Со прекрасните голови од далечина на Синиша Петковски во 14та и Бујамин Ајрула во 18та минута намалија на 3-2 и со тој резултат се замина на полувреме.

 

Во второто полувреме ја видовме екипата на Грин Мобајл во едно друго светло, уште на самиот старт наметнаа висок ритам на игра и вршеа притисок кон голот на Паркленд, Михајло Малцев им донесе израмнување во 25та минута од натпреварот за последните минути од натпреварот да бидат вистинска драма.

Во ваквата драматична завршница поуспешна беше екипата на Паркленд која со голот на Ненад Тодоровски во последната минута од натпреварот ги однесе бодовите со резултат од 4-3.

 

 

Новости


Message icon

Сакате да ги вклучите вработените во развојот на вашата компанија?

Приклучи се во натпреварувањето

Сакате да го промовирате вашиот бизнис?

Phone icon

Контактирајте не

+ 389 77 526 778

Phone icon

Пратете ни

Електронска порака