Одиграно 4.коло

Со четирите последни натпревари одиграни синоќа, комплетирано е 4. коло од Лига А во аматерската лига во мал фудбал Хоби Fair Play Лига.

 

Победи остварија екипите на НоНејм, Евротип, ГостилницаДома, ДакаМакедонија КиселаВода, Серава и Индирект

 

Во 4. коло во Лига А, вкупно беа постигнати 54 гола, а најефикасни натпревари беа Реума Серава и КиселаВода Сопро каде беа постигнати по 11 гола.

 

Во дерби натпревар СветлостКуманово и ЈантаВолејДрачево одиграа реми

 

Динамичнен натпревар одиграа екипите на Светлост Куманово и Јанта Волеј Драчево, прва до водство дојде екипата на Јанта Волеј со два брзи погодоци во 5та и 7та минута преку Горјан Ангелевски и Ико Мојсовски.

 

По оваа негатива екипата на Светлост Куманово започна со агресивна игра што и донесе гол во 11та минута со погодокот на Дамјан Благоевски. Во продолжението, екипата на Јанта Волеј успеа да го задржи водството од 2-1 до полувремето и покрај жестокиот притисок на екипата на Светлост. На стартот на второто полувреме во 23та мин. преку Лука Ангеловски екипата на Јанта Волеј успеа да постигне погодок и да дојде до водство од 3-1, а само една минута подоцна со голот на Мартин Томовски екипата на Светлост успеа да го намали резултатот на 3-2. Во 28 мин со вториот гол на Горјан Ангеловски, Јанта Волеј имаше резултатска позитива со два гола (4-2).

 

Екипата на Светлост по ова се префрли на противничка половина и вршеше притисок кон голот на Јанта Волеј што вроди со плод во 34та и 38та минута со головите на Андреј Јовановски и Стефан Трендафиловски за израмнување на резултатот 4-4 и интересни последни минути. Во ваквата интересна завршница екипите ги поделија бодовите.

 

Евротип во финишот од натпреварот подабри од Аматери

 

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Евротип и Аматери. Уште на самиот старт двете екипи наметнаа високо темпо на игра и почнаа да се редат шанси на двете страни, но голманите на двете екипи беа одлични и на ниво на задачите и спречија голови за противничките екипи.

 

Во второто полувреме, екипата на Евротип успеа да искористи еден кикс на одбраната на Аматери и со погодокот на Александар Кипријановски во 25та минута и донесе водство на својата екипа од 1-0. По ова екипата на Аматери започна агресивна игра во фаза на напад што и донесе израмнување во 34та минута со погодокот на Бране Стокановски. До самиот крај на натпреварот и двете екипи имаа изгледни прилики за погодок но не успеаа да реализираат. Екипата на Евротип со пожртвувана игра во самиот финиш од натпреварот, во 39та мин. успеа да стигне до победа од 2-1 со голот на Никица Петрушевски.

 

 

 

Со четирите последни натпревари одиграни синоќа, комплетирано е и 4. коло од Лига Б во аматерската лига во мал фудбал Хоби Fair Play Лига.

 

Победи остварија екипите на БтоБет, Батинца, Џовинаци, Работнички93 КомпанијаАтанасовски, Иглс и ЈПКХигиена

 

Во 4 коло во Лига Б, вкупно беа постигнати 40 гола, а најефикасен натпревар беше ГигоТреј БтоБет каде беа постигнати 9 гола.

 

Во драматична завршница и со пресврт БтоБет славеа над ГигоТрејд

 

Карактеристично за екипата на Гиго Трејд на почетокот на сезоната во Хоби Fair Play лигата се резултатите на полувреме-крај. Оваа екипа од четири натпревари успеа да загуби на три со пресврт (два во еден ; еден во два)

 

Прво полувреме во кое екипата на Гиго Трејд започна со офанзивен фудбал што и донесе предност во 8та минута преку Филип Милевски од 1-0. По овој постигнат погодок екипата на Гиго Трејд продолжи во уште посилен ритам што и донесе ново водство во 11та и 13та минута со вториот гол на Филип Милевски односно Мартин Стојановски за 3-0. Во вториот дел на полувремето екипата на БтоБет успеа да ги консолидира своите редови и да тргне жестоко кон противничкиот гол со цел да дојде до израмнување, тие успеаа преку Даме Касапов и Александар Стоилков во 16та и 19та минута да постигнат два погодоци и да дојдат на гол негатива. До крајот на полувремето и двете екипи има уште по некоја шанса за погодок но не успеаа да реалзираат па на паузата се замина со резултат од 3-2.

 

На стартот од вториот дел екипата на БтоБет со вториот гол на Даме Касапов успеа да постигне погодок и да израмни на 3-3.

 

Екипата на БтоБет не се откажуваше од победа на овој натпревар а со честа ротација на играчи и промена на тактиката (игра без голман) успеаа преку Мио Велков да постигнат погодок во 36та минута за резултат од 3-4 и со тоа да ги направат последните минути од натпреварот вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на БтоБет постигна уште еден гол во 38та минута (Антонио Котев) за 3-5, додека во последните секунди од натпреварот екипата на Гиго Трејд успеа преку вториот гол на Мартин Стојановски да постигне гол од пенал само да го ублажи поразот. На крајот од возбудливиот натпревар БтоБет успеа да слави со резултат од 4-5.

 

Иглс со пресврт дојде до победа над Паркленд

 

Интересно прво полувреме во лоши временски услови одиграа екипите на Иглс и Паркленд. Екипата на Паркленд со погодокот на Хајрула Хајрули во 11та минута успеа да го отвори резултатот за водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Иглс се префрли на противничкото поле и вршеше притисок кон голот на Паркленд со цел да дојде до израмнување, но екипата на Паркленд одлично ја контролираше играта и не дозволи изненадување.

 

Во второто полувреме видовме една нова екипа на Иглс која влезе многу помотивирано и од самиот старт вршеше константен притисок кон голот на Паркленд, што вроди со плод па веќе во 26та со првиот и 35та минута со вториот гол на Хебиб Буњаку дојдоа до целосен резултатски пресврт од 2-1. До крајот на натпреварот екипата на Паркленд се обидуваше да се врати во игра, но екипата на Иглс рутинирано ја заврши задачата и го доби овој натпревар со 2-1.

 

Балкан не успеа да направи изненадување, екипата на Батинца во последните минути дојде до бодовите

 

Прво полувреме во добар ритам на игра одиграа екипите на Батинца и Балкан, во ова полувреме екипата на Балкан се одреди за затворена варијанта, внимавајќи повеќе на својот гол отколку на нападот. Периодично ќе извршеше притисок кон противничкиот гол но без конкретна шанса за погодок, па затоа во ова полувреме изостанаа погодоците.

 

Во второто полувреме двете екипи го подигнаа темпото на игра па почнаа да се редат шанси за погодок на двете страни, голманите на двата тима со одлични интервенции успеаа да спасат неколку сигурни погодоци. И кога се очекуваше натпреварот да заврши со 0-0 и да биде првото големо изненадување во Лига Б, во последедните 8 минити од натпреварот екипата на Батинца преку Един Ризвановиќ во 32та мин. и Џенгис Рушити во 39та мин. успеаа да реализираат за победа од 0-2.

 

Со одиграните натпревари во средата, комплетирано е 2. коло од Лига Ц во аматерската лига во мал фудбал Хоби Fair Play Лига.

 

Победи остварија екипите на Студеничани, Мршевци и Бутел

 

Во 2. коло во Лига Ц, вкупно беа постигнати 20гола, а најефикасен натпревар беше КлимиМкСтуденичани

 

Јовица Марковски од екипата на Бутел беше најдобар стрелец постигнувајќи хет трик против екипата на ЕтиСпорт.

 

Студеничани врза две победи по ред во лигата откако славеа со 5-4 против КлимиМк во рамки на 2.коло од Лига Ц.

 

Во еден интересен и изедначен натпревар, КлимиМк отвори фантастичо во 4та минута и поведе со голот на Крсте Плачков со 1-0. Сепак до крајот на полувремето во интервал за само 5 минути со головите на Исмаил Рамадани во 6та, Зејди Шабани во 8та и Џеваир Рамадани во 11минута беше 1-3. Во продолжението двата тима играа доста отворено со многу шанси за гол, но голманите не дозволија резултатот да се промени.

 

Многу ефикасната игра продолжи во последните 5 минути од натпреварот кои беа драматични, но Студеничани имаше повеќе искуство да го реши натпреварот во своја корист со 4-5, а интересно гостите го имаа последниот напад, најдобриот играч на натпреварот Садам Куртиши успеа да реализира за победа во последните секунди од натпреварот.

 

Бутел сигурни во дуелот со ЕтиСпорт

 

Одлично прво полувреме на екипата на Бутел во дуелот со Ети Спорт, тие уште во почетните минути од натпреварот успеаа да се стекнат со комотно водство кое до крајот на полувремето константо го зголемуваа. Екипата на Ети Спoрт со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во овој натпревар, но, не успеа да најде против игра за расположената екипа на Бутел која го доби ова полувреме со резултат од 4-0.

 

Во второто полувреме иста слика, екипата на Бутел имаше целосна контрола врз играта и резултатот и покрај сите обиди на екипата на Ети Спорт да се врати резултатски во игра. Екипата на Бутел го доби овој натпревар со убедливи 5-0.

 

Стрелци за головите за екипата на Бутел беа: Јовица Марковски 3, Јанаки Бајатовски 1 и Никола Ѓурчиновски 1.

 

Мршевци убедливи против АлкохолЈунајтед

 

Екипите на Мршевци и Алкохол Јунајтед претпазливо влегоа во овој натпревар, во почетните минути од полувремето двете екипи ги одмеруваа силите на противникот и со удари од далечина се обидуваа да направат нешто повеќе. По овие почетни минути екипата на Мршевци беше таа која ја превзема иницијативата што вроди со плод кон средината на полувремето кога Кемал Али во 13та минута стрелаше за 1-0.

По оваа негатива екипата на Алкохол Јунајтед се обиде да се префрли пред голот на Мршевци но до полувремето не успеа да направи нешто повеќе. Полувреме 1-0.

 

На стартот на второто полувреме екипата на Алкохол Јунајтед уште во втората минута преку Марјан Атанасовски успеа да го израмни резултатот на 1-1 и да нападне со цел да дојде до водство, сепак ваквата отворена игра и прилегаше на Мршевци која со одлична акција во 24та минута преку Мики Темов повторно поведе но овој пат со 2-1. Наредната минута веќе беше 3-1 по грешка на одбраната на Алкохол Јунајтед во која најдобро се снајде Антонио Петревски. До крајот на натпреварот екипата на Мршевци беше таа која вршеше постојан притисок и во 32та односно 36та минута преку Александар Жарковиќ и Мики Темов успеа да дојде до зголемување на водството со 5-1 што ги направи последните минути од овој натпревар формални.Во ваквата завршница поснаодлива беше екипата на Мршевци која го доби овој натпревар со 5-1.

 

 

Новости


Message icon

Сакате да ги вклучите вработените во развојот на вашата компанија?

Приклучи се во натпреварувањето

Сакате да го промовирате вашиот бизнис?

Phone icon

Контактирајте не

+ 389 77 526 778

Phone icon

Пратете ни

Електронска порака