Одиграно 3.коло

Со четирите последни натпревари одиграни вчера, комплетирано е и третото коло од Лига А во аматерската лига во мал фудбал Хоби Fair Play Лига.

 

Победи остварија екипите на НоНејм, Реума, СветлостКуманово, ГостилницаДома, Аматери и ДенталИмплантСолушн.

 

Во третотото коло е запишана и првата службена победа (0:3) во лигата поради непојавување на терен на екипата Грамоси/ГрадскаМеана против Евротип

 

Издвојуваме Фер Плеј Натпревар На Колото

 

Во ФЕР ПЛЕЈ натпревар ГостилницаДома подобри од Индирект

 

Интересен натпревар одиграа екипите на Гостилница Дома и Индирект каде преовладуваше фер плеј играта! Екипата на Гостилница Дома уште на самиот старт ја превзеде иницијативата, се префрли на противничка половина и вршеше силен притисок кон голот на Индирект што вроди со плод во 4та минута за водство од 1-0. До крајот на полувремето екипата на Гостилница Дома имаше повеќе од играта и покрај обидите на Индирект па на паузата замина со предност од 5:3.

 

Во второто полувреме екипата на Гостилница Дома имаше целосна контрола врз играта и резултатот и заслужено го доби овој натпревар со 9:4. Честитки за двете екипи за одличниот и фер плеј натпревар!

 

Во третото коло во Лига А, вкупно беа постигнати 69 гола во пет гостински, две домашни победи и еден нерешен резултат, а најефикасен натпревар беше Сопро Реума каде беа постигнати 17 гола.

 

Пајтим Реџепи од екипата на Реума беше најдобар стрелец во третото коло постигнувајки 8 гола.

 

 

 

 

Со натпреварите од синоќа беше одиграно третото коло од Лига Б во аматерската лига во мал фудбал Хоби Fair Play Лига. За разлика од 1. и 2. коло, имавме еден натпревар кој заврши без победник.

 

Во доста израмнет натпревар и со многу голови, бодовите ги поделија екипите на ЈПКХигиена ОпштинаЧаир 5:5 (4:4).

 

Јетон Дардишта од ЈПКХ (3 гола) и Ерол Ибиши од Опш.Чаир (2 гола) беа најдобари стрелци и играчи на натпреварот.

 

Одлично издание на екипата на Работнички93 во дуелот со екипата на МаседонианВориорс.

 

Пружија одлична игра пред се во делот на нападот, каде што ги искористија сите изгледни шанси за гол, не дозволувајќи и на екипата на МаседонианВориорс да се разигра и резултатски да се врати во натпреварот. Кај Работнички93 најрасположни беа Филип Илиевски кој постигна 3 гола и голманот Филип Сиљановски кој на неколку наврати успеа да спречи сигурни голови за противникот. Натпреварот заврши со резултат од 4:7 за екипата на Работнички93.

 

Батинца со пресврт до победа над ГигоТрејд 4:2 (1:2)

 

Исклучително интересно прво полувреме во кое ниедна од екипите не успеа да стекне поголема резултатска предност со што се наговести дека ќе имаме доста неизвесен натпревар и изедначена борба. Во средината на второто полувреме екипата на Батинца со постигнување на два погодоци направи резултатски пресврт и стекна гол предност. Во понатамошниот дел од натпреварот екипата на ГигоТрејд имаше три шанси за гол, но не успеа да реализира благодарение на голманот на Батинца. На само 5мин. пред крајот на натпреварот Батинца успеа да ја зголеми предноста за победа на овој натпревар од 4:2.

 

Во 3.коло победи остварија екипите на КомпанијаАтанасовски, Линкс, Иглс, БтоБет, Батинца, ГолденКар и Работнички93.

 

Вкупно беа постигнати 72 гола, а најефикасен натпревар беше Балкан ГолденКар каде беа постигнати 16 гола (4:12).

 

Најдобар стрелец на колото е Самир Карашиќ од ГолденКар со постигнати 5 гола.

 

Новости


Message icon

Сакате да ги вклучите вработените во развојот на вашата компанија?

Приклучи се во натпреварувањето

Сакате да го промовирате вашиот бизнис?

Phone icon

Контактирајте не

+ 389 77 526 778

Phone icon

Пратете ни

Електронска порака