Одиграно 2.Коло

Со вчерашните натпревари беше одиграно второто коло од Лига A во аматерската лига во мал фудбал Хоби Fair Play Лига. За разлика од Лига Б каде во првите две кола сеуште нема нерешен резултат, во Лига А имавме два натпревари кои завршија без победник.

 

Во доста израмнети натпревари бодовите ги поделија екипите на Индирект Дака Македонија (5:5) и Но НејмГостилница Дома (2:2), додека натпреварот Кисела ВодаГрамоси/Градска Меана беше одложен.

 

Победи остварија екипите на Клиника за РевматологијаРеума, Евротип, Светлост Куманово, Серава, Јанта Волеј Драчево.

 

Вкупно беа постигнати 62 гола, а најефикасен натпревар беше РеумаАматери каде беа постигнати 15 гола.

 

Пајтим Реџепи од екипата на Клиника за Ревматологија – Реума е најдобар стрелец на колото со 5 постигнати гола. Веднаш зад него е играчот Семир Личина од екипата на Индирект постигнувајки 4 гола.

 

Четири гола, три црвени картони, израмнет и одличен фудбалски натпревар – сето ова го имаше во вчерашната пресметка помеѓу Но Нејм Гостилница Дома.

 

Гостите поведоа уште на самиот старт на натпреварот преку Јасмин Пепич во 4 мин. НоНејм брзо брзо се разбуди и 2 мин. подоцна израмни преку Владимир Кушљич. Финишот на првиот дел донесе возбудувања пред двата гола, но со голот на Михајло Начевски во 23 мин домаќинот успеа да поведе и замине на полувреме со предност.

На стартот на второто полувреме, двете екипи имаа по две шанси за гол, но без реализација. Во 32 мин со голот на Драган Брњачевски екипата на НоНејм успеа да го израмни резултатот. На самиот крај од натпреварот (46мин.) при досуден прекршок за Гостилница Дома, настана вербална расправија помеѓу играчите Зоки Тасевски (Гост.Дома) и Никола Димовски (НоНејм) каде тешко беше да се каже кој прв провоцира, тензијата се зголеми кога играчот Александар Божинов од екипата на Гостилница Дома се вклучи во расправијата, па во еден момент ситуацијата можеше да ескалира со посериозни последици.

Судијата им подели три црвени картони на највоинствените поединци.

 

Натпреварот е предаден на дисциплинска комисија.

 

 

 

Со четирите последни натпревари одиграни вчера, комплетирано е второто коло од Лига Б во аматерската лига во мал фудбал ХобиFairPlayЛига.Карактеристично за осумте натпревари е што исто како и во првото коло ниту еден натпревар не заврши без победник и има подеднаков број на победи (4) и порази (4) на домашните и гостинските екипи.

 

Победи остварија екипите на Линкс, БтоБет, Маседониан Вориорс, Ј.П.К Хигиена, Работнички 93, Општина Чаир, Голден Кар и Батинца.

 

Вкупно беа постигнати 75 гола, а најефикасен натпревар беше Грин Мобајл Батинца каде беа постигнати 14 гола.

 

Орхан Даути од екипата на Батинца беше најрасположен за голови постигнувајки неверојатни 11 гола.

 

Го издвојуваме натпреварот Компанија Атанасовски Маседониан Вориорс каде тесна победа (4:5) издвојува ,,гостинот,,. Публиката имаше можност да гледа многу возбудлив и драматичен натпревар посебно во самата завршница.

 

 

Новости


Message icon

Сакате да ги вклучите вработените во развојот на вашата компанија?

Приклучи се во натпреварувањето

Сакате да го промовирате вашиот бизнис?

Phone icon

Контактирајте не

+ 389 77 526 778

Phone icon

Пратете ни

Електронска порака