Инаугурација и отворање на сезоната

По втор пат започнува најмасовното натпреварување во мал фудбал

 

Скопје, 31 декември 2021 година, Хоби Fer Play лигата ја инаугурира својата нова сезона во мал фудбал во кои 32 екипи ќе се натпреваруваат за насловот во лигата. Идеален проект за љубителите на фудбалот, комбинирајќи ја страста со интеграција на теренот, и борба за титулата најдобар тим.

 

Лигата е одговор на динамично развивачкото спортско опкружување на Скопје. Натпреварите организирани во Лигата се од аматерски карактер во професионален амбиент. Натпреварите ќе се одржуваат од понеделник до петок во спортски центар Димитар Миладинов и СУГС Георги Димитров, а ќе ги судат квалификувани и лиценцирани судии.

 

Хоби лигата обединува луѓе кои рекреативно играат фудбал. Лигата промовира не само интеграција, туку пред сè ви овозможува да воспоставите нови лични контакти, да се забавувате, рекреирате, да ги одмерите силите во мал фудбал.

 

Новата сезона во Хоби лигата ќе започне на 29 март 2021. 42 тимови, 6 месеци ќе се натпреваруваат за титулата шампион во I и II лига. Како и обично, атрактивни награди ќе ги чекаат победниците, кои ќе бидат доделени за време на последната Гала, кога завршува сезоната во лигата.

 

Тековните настани, фоторепортажи, интервјуа, натпревари во живо, резултатите и регистрацијата за новата сезона ќе бидат дел од многуте изненадувања за сите учесници во лигата.

Новости


Message icon

Сакате да ги вклучите вработените во развојот на вашата компанија?

Приклучи се во натпреварувањето

Сакате да го промовирате вашиот бизнис?

Phone icon

Контактирајте не

+ 389 77 526 778

Phone icon

Пратете ни

Електронска порака