Дарко Глишиќ е бренд – амбасадор на Хоби Фер Плеј Лига

Дарко Глишиќ е бренд – амбасадор на Хоби Фер Плеј Лига

Фудбалската sвезда Дарко Глишиќ е бренд – амбасадор на Хоби Fair Play Лига

ЗСР Спорт Арена ТиМ со гордост го најавува започнувањето на соработката со Дарко Глишиќ, еден од омилените фудбалери на македонската публика.

Во рамките на своите заложби, Здружението планира соработката со Глишиќ да биде насочена кон поддршка на малиот фудбал и аматерската сцена во Република Македонија. Оваа соработка е составен дел од кампања што ќе започне наредните денови „ фудбалот е моја страст“

„Предводени од нашиот слоган, ние цврсто веруваме дека за храброст, креативност и страст, клучно е да верувате во себе, во своите квалитети и моќта да ги менувате работите. Веруваме во храбри и посветени луѓе, кои целат кон повисоки вредности и ги поместуваат границите, па токму затоа го одбравме Дарко Глишиќ за наш бренд-амбасадор.“

„Тој за нас е синоним за личност со воодушевувачки талент и квалитет, посветен професионалец и спортист што отсекогаш верувал во себе и во својот сон. Сметаме дека токму Дарко идеално ќе ја пренесе нашата силна порака кон луѓето да веруваат во себе, во своите добронамерни способности и потенцијали, постојано да се надоградуваат и да учествуваат во значајни проекти за развој на спортот.“

„ За презентирање на сопствените идеи, потребни се умешност и храброст. Нема лесни победи, упорноста и вербата во себе се клучни. Во оваа пригода би сакал да изразам благодарност до тимот на ХобиFairPlayЛига/та за укажаната доверба, драго ми е што во мене препознале талент, истрајност и успех. Пред нас стојат многу сезони и проекти, и верувам дека заеднички ќе уживаме во нивната реализација. Се надевам на успешна соработка на обострано задоволство“, изјави Дарко Глишиќ, новиот бренд-амбасадор на Хоби Fair Play Лигата.

Со соработката со Дарко Глишиќ, ЗСР Спорт Арена ТИМ го означува почетокот на кампањата „фудбалот е моја страст“ и настанот што следува во рамките на аматерската лига во мал фудбал „ Хоби Fair Play Лига“, чија цел е развој и поддршка на аматерскиот фудбал.