Ние го сакаме фудбалот

Здружението за спорт и рекреација „ Спорт Арена ТИМ “ е непартиска, невладина и непрофитна организација основана во 2020 година во Скопје во согласност со одредбите од Законот за здруженија и фондации.

ЗСР СПОРТ АРЕНА ТИМ ги охрабрува и координира активностите на своите членови за постигнување на заеднички цели и задачи, во согласност со Законот за здруженија и фондации на Република Северна Македонија, и врз основа на своите програмски цели за кои е основано Здружението.

Цели и активности: Организирање спортски и рекреативни натпревари (спортски игри, повремени турнири, спортски лиги), организирање на фудбалски кампови, менаџмент, организирање и вклучување на младите во спортски активности.

Здружението Спорт Арена ТИМ изминатите години успешно реализираше проекти наменети за фудбалот и во интерес на спортот во нашата држава.
–  Фудбалски кампови во соработка со тренери од ФК Келн Германија
–  Организарање на детски турнири во Општина Гази Баба
–  Фудбалска лига (Хоби Фер Плеј Лига) со 40 аматерски екипи кои рекреативно се занимаваат со мал фудбал. Натпреварувањето е замислено пред се како дружење и забава, во организиран систем на натпревари.
–  Семинари за фудбалски тренери поддржана и реализирана со врвни поранешни и актуелни шпански тренери во Реал Мадрид, Тотенхем, Евертон, Гетафе и Атлетико Мадрид.
–  Фудбалски кампови во соработка со Реал Мадрид Фондација Фондација наменети за деца од 7-17 години каде беа опфатени повеќе од 400 деца од цела држава.
–  Индивидуални тренизи за момчиња од 16 до 18 години со Шпански тренери во Република Косово.

Од 01.01.2021 ЗСР СПОРТ АРЕНА ТИМ е потенцијален член и огранок на Светска Федерација во мал фудбал

Тековен проект на ЗСР СПОРТ АРЕНА ТИМ
Аматерска лига во мал фудбал 2021/2022

Организирање на Аматерската лига во мал фудбал Хоби „ФЕР ПЛЕЈ“ лига која има за цел рекреирање, дружење, поттикнување на спортски и натпреварувачки дух кај младите и возрасните, воспоставување нови контакти меѓу учесниците и подобрување на квалитетот на животот преку развој на здрав начин на живот, активност во слободно време, младински активизам и волонтерска работа, како и поддршка за активирање на луѓе во здрави области.

Химна

Хоби Лига

Химната, наменски е изработена за потребите на “Хоби Fair Play Лига”.
Автор на музиката, текстот и аранжманот е Љупчо Соколовски. Видеото е дело на ВизионАрт.