За Нас

Здружението за спорт и рекреација „Еуро Спорт Арена“ е непартиска, невладина и непрофитна организација основана во 2015 година во Скопје во согласност со одредбите од Законот за здруженија и фондации.ЗСР ЕУРО СПОРТ АРЕНА ги охрабрува и координира активностите на своите членови за постигнување на заеднички цели и задачи, во согласност со Законот за здруженија и фондации на Република Северна Македонија, и врз основа на своите програмски цели за кои е основано Здружението.


Цели и активности: Организирање спортски и рекреативни натпревари (спортски игри, повремени турнири, спортски лиги), организирање на фудбалски кампови, менаџмент, организирање и вклучување на младите во спортски активности. Здружението ЗСР Еуро Спорт Арена изминатите 6 години успешно реализираше проекти наменети за фудбалот и во интерес на спортот во нашата држава.
- 2015 Фудбалски кампови во соработка со тренери од ФК Келн Германија
- 2016 Организарање на детски турнири во Општина Гази Баба
- 2016/2017 Фудбалска лига (Хоби Фер Плеј Лига) со 40 аматерски екипи кои рекреативно се занимаваат со мал фудбал. Натпреварувањето е замислено пред се како дружење и забава, во организиран систем на натпревари.
- 2018/2019 Семинари за фудбалски тренери поддржана и реализирана со врвни поранешни и актуелни шпански тренери во Реал Мадрид, Тотенхем, Евертон, Гетафе и Атлетико Мадрид.
- 2018/2019/2020 Фудбалски кампови во соработка со Реал Мадрид Фондација Фондација наменети за деца од 7-17 години каде беа опфатени повеќе од 400 деца од цела држава.
- 2020 Индивидуални тренизи за момчиња од 16 до 18 години со Шпански тренери во Република Косово.


Од 01.01.2021 ЗСР ЕУРО СПОРТ АРЕНА е член и огранок на Светска Федерација во мал фудбал


Тековен проект на ЗСР ЕУРО СПОРТ АРЕНА
Аматерска лига во мал фудбал 2021

Организирање на Аматерската лига во мал фудбал Хоби „ФЕР ПЛЕЈ“ лига која има за цел рекреирање, дружење, поттикнување на спортски и натпреварувачки дух кај младите и возрасните, воспоставување нови контакти меѓу учесниците и подобрување на квалитетот на животот преку развој на здрав начин на живот, активност во слободно време, младински активизам и волонтерска работа, како и поддршка за активирање на луѓе во здрави области.