Глишиќ и друштвото шампиони на Хоби Fair Play Лига!
Мршевци Влат Мар Стадион Груп ја победи екипата на Авто Глобал во финалето со 1:2 и стана шампион на Хоби Fair Play Лига.
Во натпреварот за титулата, екипата на Мршевци Влат Мар Стадиум Груп беше предводена од Дарко Глишиќ кој беше прогласен за најдобар играч и стрелец во аматерската лига во мал фудбал.
Над 400 гледачи вчера вечер беа сведоци на спектакл, израмнет, квалитетен и убав фудбал, но и пресврт за шампионот кои за нијанса беа подобри и заслужено победија во финалето против Авто Глобал.
Владимир Кушљиќ им донесе водство на Авто Глобал по 19 минути игра, пред лудото второ полувреме „шампионите“ да направат целосен пресврт.
Антонио Петровски во 25 минута израмни на 1:1, пред еден од подобрите во Мршевци Влат Мар Стадиум Груп Мартин Величковиќ да го постигне победничкиот гол вреден златен медал!