Интервју: Легендарните Грамоси

Дата: May 9th, 2021

Време: 22:11

Легендарните Грамоси потекнуваат и се основани во далечната 1985година.

Се од 1985 година па навака освојуваат многу престижни турнири како во Македонија така на Балканот па и пошироко.Од нив вреди да се споменат трите турнири на ,,Вечер”, турнирот Рондо во Прилеп 2000год и турнирот во Струмица каде имаат освоено прво место и се наградени од претседателот покоен Борис Трајковски.



Имаат учество на повеќе од 50 турнири, многу полуфинални и финални натпревари.


Што да се каже за Грамоси ако не вистински Легенди во македонскиот мал фудбал.


Учествуваат во лигата на шампиони во Словенија, освоено 1 место помеѓу македонски екипи на турнир во Виена, три пати шампиони во Футсал каде што учествуваат повеќе од 600екипи.


Во 1989 год. освојуваат 1 место во тогашната  Чехословачка против репрезентацијата Чешка. Во Босна и Херцеговина во 1989г освојуваат 3место во првенството во мал фудбал на Југославија и во 1991г. трето место на Југословенското првенство во Скопје.


Грамоси во финалниот натпревар во 1991г. На турнирот Палас Турист со екипата на Бутик Босс кој поведуваат со 0:2 со головите на Велче Коцевски(Велчево Меанче)- Бутик Босс. Се случува голем пресврт и Грамоси победуваат со 6:2 и го освојуваат пехарот во финалето.


Меѓунареден турнир Валандово 2001г. освоено 1место со победа над екипата на Лесковац Србија, како и освоени турнири во Гевгелија, Миравци, Богданци и многу други.
Екипата на Грамоси има дадено и репрезентативци на поранешната Југославија: Есад Личина ,Фаик Асанов и Љупчо Цветковски -Ждаре.


Во разговорот со екипата на легендарните Грамоси почнаа да преовладуваат емоции од сеќавањата и моментите од тие времиња и првенства па така неизбежно беше да не се споменат и легендите кои повеќе не се меѓу нас Драган Трајковски најзаслужноиот за постоењето и успесите на Грамоси, како и Нијат Зекир.


Го пиевме нашето утринско кафе и разговаравме, се присетуваа на многу моменти и ги издвоија најдобрите  играчи од Грамоси Аднан Сефович- Нанче и Љупчо Рафевски-Рафе кои се едни од најдобрите играчи во историјата на Македонскиот мал фудбал.


Низ времето во Грамоси продефилираа многу имиња познати на Македонскиот фудбал : Тонче Мојсовски, Ѓоко Алексовски – Копиљ, Игор Димов – Кокош, Панче Мицевски, Зоран Ивче- Грамос, Злате Рак, Арсе Андоновски, Велче Анчевски, Мац Цветковски, Драган Гигич, Роберт Манџуковски, Маријан Игуменовски, Дејан Цветковски- Мали, Саше Алексовски- Чалам, Горан Тодоровски-Сивче, Тони Тасевски, Злате Спасовски, Туш Зефич, Зоран Попе-Шарко и уште една легенда која имаше чест да игра за Грамоси Зоран Фидановски- Кобра.


Арсе Андовски беше прогласен за најдобар стрелец на државното првенство во Југославија што се одржа во Скопје во 1991г.


Разговорот го водевме  во градската меана Кај Злате со стручниот штаб на Грамоси  Делчо Милевски и Љупчо Цветковски – Ждаре засилен од бившиот репрезантативец и играч на Вардар, Силекс, Лајпцих и Јанина – Влатко Гошев кој денес е успешен фудбалски менаџер.