Интервју: Влатко Тодев

Дата: December 22nd, 2020

Време: 14:33

Почитувани членови на семејството во мал фудбал,



2020 година беше навистина тешка. Но, успеавме да ги одржиме во живот најдобрите идеи, да ја зачуваме нашата енергија и да ги нагласиме позитивните резултати на крајот. Најдоброто допрва доаѓа.Ајде сите да се собереме повторно и да продолжиме таму каде што претходно во 2017 година започнавме со развој на малиот фудбал во Македонија.


Пандемијата што го погоди целиот свет во последната година влијаеше и на натпреварите во мал фудбал, не само на меѓународно ниво каде беа одложени континенталното и светското првенство, туку и на регионалните натпреварувања, од кои многу беа откажани. Повеќето од статутите велат дека целта на националните здруженија за мал фудбал е да го зголемат бројот на активни играчи, да се организираат и да се промовираат натпреварите во согласност со правилата за мал фудбал, што значи активни спортови на надворешни терени. Бројот на активни спортисти претставува мерлив перформанс и фактори на успех. Хоби Fair Play лига и Еуро Спорт Арена имаат за цел да ги оттргне нашите сограѓани од нивниот пасивен живот.


И покрај горенаведената пандемија, минатата година имаше некои позитивни аспекти за нас. По долги преговори, се надеваме дека многу наскоро ќе го потпишеме договорот со Светската Федерација во мал фудбал. Македонија ќе биде во друштво на многу држави кои се дел од Федерацијата, можност за меѓународни натпревари, организација на меѓународни натпревари на Македонско тло и уште многу позитивни работи за развој на аматерскиот мал фудбал.


Оваа година нашето внимание ќе биде насочено кон организирањето на планираната Хоби Fair Play лига која ќе започне на 29ти март и професионалната соработка со Светската Федерација.


Ви посакувам да се чувствувате добро во 2021 година; може 2021 година да ги исполни вашите очекувања, да имате што е можно повеќе среќни денови и со вашите постојани и нови пријатели и ако малиот фудбал придонесе за тоа, тоа ќе биде најдобриот подарок за мене.


Претседател на Хоби Fair Play лига и ЗСР Еуро Спорт Арена Влатко Тодев.