Што е фер плеј игра?

Што е фер плеј игра?

Моралот во спортот се манифестира со фер плеј игра, која што се постигнува со витешка борба. Почитувањето на правилата, судиите и противничката екипа може да се дадат како основа за тоа што ја дефинира фер плеј играта.

Вистинскиот играч со својот противник секогаш се поставува со почит и респект, како што се однесува со соиграчите од неговиот тим, но и спрема самиот себе. Фер плеј играч победата не ја користи за да се исмева на противникот, а поразот го прифаќа со крената глава, давајќи рака на ривалот.

Вредностите на фер плеј играта се градат и се пренесуваат на теренот.

Фудбалот е игра каде најдобри резултати постигнуваат тие екипи кои кај своите фудбалери ја имаат вбризгано најбитната карактеристика, тимскиот дух. Во голем број случаи фудбалерите знаат да реагираат во афект, каде е потребно брзо стишување на ситуацијата со цел да се одржи хармонијата на играта.