Почитувани, ги претставуваме тимот и тренерот на неделата.
Во исклучително квалитетна и тешка категорија го избравме тимот на неделата во 5+1 формат. Тимот на неделата го сочинуваат:
Дарко Илиевски (голман, Чип Такси), Никола Миленкоски (играч, Партизан), Енсар Велиу (играч, Банана Кик), Роберт Илиевски (играч, Либеро Бенд), Александар Стоилков (играч, Моа Проект Студио) и Мартин Георгиевски (играч, Мршевци ВМ-СГ).
За тренер на неделата е избран Назиф Исмаили – Мурињо од Банана Кик.