Општина Карпош е наш нов подржувач

Општина Карпош е наш нов подржувач

Општина Карпош е нов подржувач на Хоби Fair Play Лига/та

Ниту еден спорт не е така моќен и не ги поврзува луѓето во Македонија како што тоа го прави малиот фудбал.

Новата сезона која на крајот од месец септември ќе стартува во Скопје, а Општина Карпош која долги години успешно функционира во нашиот главен град се одлучи да биде дел од вашата и наша Хоби Fair Play Лига.

Можноста да бидеме подржани од Градоначалникот г-динот Стевче Јакимовски и неговите колеги од Општината за едно успешно претставување на малиот фудбал во населбата Влае е исто така можност за успешна промоција на вредностите кои ги негува Хоби Fair Play Лига/та како мултинационален проект.

Горди сме што Општина Карпош има искрена страст за фудбалот. Посебно ни е драго што ќе бидат наши партнери на еден предизвик како што е Хоби Fair Play Лигата.

Заедно можеме да направиме многу повеќе.