Заврши возбудливиот есенски дел од Кроација Осигурување Хоби Fair Play Лига и со тоа го добивме и есенскиот шампион за сезоната 2022/2023.
Моа Проект Студио се есенскиот шампион со неверојатни 13 победи на 15 натпревари и освоени фантастични 39 бода!
Целата полусезона ја одиграа со најголема ефективност во лигата со постигнати 67 гола (4.6 гола по натпревар) и едноставно противничките екипи немаа решение и одговор за нивниот напад и овој дел од сезоната го завршуваат со позитива од 39 гола.

Веднаш зад нив е екипата на Банана Кик од Тетово со освоени 35 бода, но и еден натпревар помалку од есенскиот шампион.
Банана Кик ја имаат најдобрата одбрана во лигата со само 18 примени гола и воедно ја имаат најдобрата гол разлика од 41 гол позитива.

Третата позиција им припаѓа на Партизан кои имаат 34 бода и исто така го имаат третиот најефикасен напад во лигата со 62 постигнати гола додека пак гол разликата им е во позитива со 27 гола.
Се заблагодаруваме на судиската екипа и на делегатите за нивната професионалност и беспрекорна работа.
Воедно сакаме да им се заблагодариме на Општина Карпош и на нашите спонзори Кроација Осигурување и Риа трансфер на пари, како и на нашите партнери, спортски обложувалници Банана Кик, Смарт Менувачница, Печатница Партизан, Лома Спорт, Гранд Казинo и Ленидиум кои го овозможуваат и олеснуваат функционирањето на Хоби Лигата.
Хоби Фер Плеј лига/та повторно продолжува на пролет со нови возбудливи натпревари и уште повеќе изненадувања и дружба.