Балкан се најдобрите во Хоби Лига!

Балкан се најдобрите во Хоби Лига!

Екипата на КМФ БАЛКАН со победа од 3-0 над Либеро Бенд го освои првото место во Хоби Фер Плеј лига/та и се шампиони за сезона 2022/23!

Играчите на Балкан заслужено се радуваа на освоениот шампионски пехар, откако после неизвесното првото полувреме, во вториот дел го скршија отпорот на противничката екипа за прослава на првото место.Претходно за третото место, силите ги одмерија екипите на Партизан и Моа Проект Студио, на крајот победата со резултат од 4:0 им припадна на момците од екипата на Партизан.

Задоволни сме од сите екипи кои беа дел од Хоби Фер Плеј лига/та, пред се играа за забава, дружба и фер игра, а најбитно е дека немаше посериозни повреди. Им честитаме на екипите кои освоија медали и веќе наредната сезона која ќе почне веќе во септември ќе се вратиме уште подобри!

Општина Карпош беше центарот на спортските случувања.Граѓаните од О.Карпош кои имаа прилика да гледаат добар фудбал, задоволни од организацијата и екипите учесници во ХФПЛ порачаа дека ваквите случувања се добредојдени во градот.После завршувањето на натпреварите од страна на организаторот, беа доделени благодарници на сите помагатели и пехари на најуспешните екипи.

Во продолжение наградите кои беа доделени за најуспешните во Хоби Фер Плеј Лига сезона 2022/23.

  • 1 место – КМФ Балкан
  • 2 место – Либеро Бенд
  • 3 место – Партизан
  • Шампион на полусезона – Моа Проект Студио
  • Најдобар играч – Кадир Амза – КМФ Балкан
  • Најдобар стрелец – Александар Стоилков – Моа Проект Студио
  • Најдобар голман – Мифтар Мурселов – КМФ Балакан
    Исто така благодарници беа доделени и на судиите Дејан и Марјан Младеновски и на одличниот домаќин Општина Карпош.