Заврши втората по ред сезона во ХФПЛ

Заврши втората по ред сезона во ХФПЛ

ЗАВРШИ СЕЗОНА 2021/22 ВО АМАТЕРСКАТА ЛИГА ВО МАЛ ФУДБАЛ – ХОБИ FAIR PLAY ЛИГА

НА 29.06.2022 година, нa преполното спортско игралиште во „Маџари- Триангла“ со финалниот натпревар меѓу екипите на Авто Глобал и Мршевци Влат-Мар Стадион Груп официјално заврши втората по ред аматерска лига во мал фудбал „Хоби Fair Play Лига“, на кој учествуваа 38 екипи поделени во три лиги А, Б и Ц.

На финалниот натпревар со резултат од 2-1 првото место и награда летен одмор за целата екипа го освои Мршевци Влат-Мар Стадион Груп, а второто место и награда од пакет спортска опрема и припадна на екипата на Авто Глобал.

Третото место, пак, и награда од пакет спортска опрема го освои екипата на Компанија Атанасовски. Во полуфиналниот натпревар против екипата на Паркленд забележа победа со резултат 3-1.

Финалистите, исто така, добија пехари, медали, пригодни награди и признанија, награди беа доделени и за најдобар фудбалер и стрелец во лигата (Дарко Глишик од Мршевци Влат-Мар Стадион Груп“), најдобар голман Александар Николиќ од Мршевци Влат-Мар Стадион Груп, најдобар фудбалер на полусезоната Дејан Кајсторовски од Паркленд како и најфер екипа („Балкан“).

Признанија добија и судиите Дејан Димитријевиќ, Никола Костенчев и Бојан Иваноски кои одлично ги судеа завршните натпревари.

Лигата која траеше активно шест месеци, ја организира -ЗСР Спорт Арена ТиМ од Скопје под покровителство на Општина Гази Баба кои обезбедија дел од наградите за најдобрите.