ЗСР Спорт Арена ТиМ и Хоби Фер Плеј лига/та ја започнаа новата сезона 2022/23 со многу новитети.
Еден од новитетите е брендирање на лигата.
Неодамна ја објавивме нашата соработка со Лома Спорт, компанија која е дистрибутер на брендот Јома.
Денес, можеме да ви доловиме дел од дресовите во кои ќе бидат облечени екипите кои се натпреваруваат во новата сезона на Хоби Фер Плеј лига.
Моделите и боите на опремата се одбрани од страна на екипите, и со нив ќе се натпреваруваат на сите натпревари во претстојната сезона.
Опремата, исто така, има централно брендирање од неодамна објавениот наш главен партнер, Croatia Osiguruvanje, компанија за животно осигурување.
Исто така дресовите ќе бидат брендирани и со нашиот најнов партнер Ria Capital Transfer & Ria Macedonia, тие се светски позната компанија која врши брз трансфер на пари и на други финансиски услуги, присутна во повеќе од 150 земји со над 316 000 локации ширум светот и 72 локации во Македонија.
На ракавите, дресовите ќе бидат брендирани од дел од останатите наши партнери: Sportska oblozuvalnica Banana Kick – Компанија за спортско обложување, SMART Exchange Menuvachnica, откуп и продажба на крипто валути и Partizan Proekt – Graficko studio – компанија за најсовремено печатење на секаков вид графика.