Балкански акорди за Либеро Бенд

Балкански акорди за Либеро Бенд

ФИНАЛЕ – ХОБИ ФЕР ПЛЕЈ ЛИГА , ЛИБЕРО БЕНД – КМФ БАЛКАН

3-то МЕСТО – МОА ПРОЕКТ СТУДИО – ПАРТИЗАН

Балкански акорди за Либеро Бенд

Во квечерината на најтоплиот ден летово во Скопје, во нас.Влае ќе ја спуштиме завесата на сезоната 2022/23 на ХОБИ ФЕР ПЛЕЈ ЛИГА со финалниот натпревар помеѓу Либеро Бенд и КМФ Балкан во 21:30 часот.
Двете екипи покажаа дека се вистински крем на малиот фудбал не само во Скопје туку и во рамките на цела Македонија.

Сите учесници, а посебно финалистите и претендентите за трето место се репрезентите на квалитетот што и во оваа сезона го понуди Хоби Фер Плеј Лигата.

Можеби и затоа желбата да се биде освојувач на лигата е толку голема кај финалистите, а и меѓусебниот респект.

„Балкан е големо име, а нивните играчи покажаа дека го заслужуваат најдоброто. Во разигрувањето игравме против дел од најдобрите и покажавме дека сме одлична екипа. Балкан можеби е фаворит , но ние нема да ја испуштиме шансата за добро претставување во финалето“ – вели Иван Јованов вокалистот од Либеро Бренд пред вечерашното финале.

Балкан е име синоним за фудбал во Скопје, а КМФ Балкан секако исто така звучно во малиот фудбл, а освојувањето на Хоби лигата е можеби најголем предизвик за нив.

„Либеро Бенд без сомнеж е еден од најсилните тимови во лигата. Ќе ни биде сигурно тешко, но ние знаеме што треба да правиме и ќе се бориме до самиот крај. Судбината сакаше да не донесе до финалниот меч, на само чекор од посакуваната титула во Хоби Фер Плеј Лигата. Ова не се случува секој ден и мораме да ја искористиме шансата “ – изјави Игор Барџовски основач и претставник на КМФ Балкан.

Последен чин на Хоби Фер Плеј Лига…останува уште промоција на шампионот за оваа сезона !

За трето место – Моа проект студио – Партизан

Моа проектира, Партизан урива

Го меркаа финалето, но ќе се борат за трето место, Моа проект студио и Партизан се предигра на финалистите.

Две екипи со исклучително забележливо издание оваа година, ефикасни, цврсти и атрактивни.

Според статистиката Моа студио како да си го проектираа финалето, со 24 победи од 29 одиграни натпревари, 1 нерешен и 4 загубени натпревари со право се надеваа да се борат за првото место, беа и есенски шампиони! Имаат постигнато 112 голови и примено 41, но сепак ќе мора да се борат за трето место против Партизан кој пак сега сака да им ја урне и оваа резервна проекција.

Партизан има исто така 29 одиграни натпревари, 19 победи, едно реми и 9 порази со гол разлика 39 (110-71).

Статистика за респект и потврда за интересна борба за трето место.

Среќно момци !